Тим Бернерс-Ли прави нов интернет, посигурен – сегашниот се претвори во чудовиште

од desk2
96 прегледи

Интернетот не е веќе она што оригинално беше замислено, се претвори во чудовиште, смета Тим Берберс-Ли, човекот кој сите го сметаат за творец на интернетот.

Но, додека повеќето од нас ќе се сложат со таа констатација и ќе останат само на тоа, тој одлучи да преземе нешто.

Го покрена својот стартап Inrupt, со кој сака да ги поттикне девелоперите да створат нов, децентрализиран интернет, кој моќта од рацете на големите интернетски компании, ќе ја врати во рацете на индивидуалците. Сака Inrupt да биде инфраструктуракоја ќе му овозможи на Solid, платформа што ја осмисли, да се развие.

Тој тргна во борба пртив Facebook, Google, Amazon и останатите интернетски џинови.

Смета дека е совршен момент за тоа, особено во светло на големите проблеми со протекување податоци од Facebook и де почестите хакерски напади на големите фирми.

Во план е новиот интернет да го изгради на платформата на која работи веќе со години во МИТ – Solid.

Solid отвора неверојатни можености за креативност, решавање проблеми и трговија. Им дава сила на индивидуалците, на девелопарите на бизнисмените на потполно нов иновативен начин да изградат апликации и услуги.

Платформата може да им се види примамлива на луѓето затоа што функционира како blockchain. Корисникот сам одлучува која апликација може да има пристап до неговите податоци и под кои услови.

Апликациите нема да имаат скриени намери и нема да им пречат на луѓето со постојани понуда да купат нешто. Бернерс-Ли е убеден дека луѓето се подготвени да платат за тоа.

Иако работи на новиот интернет, тој не се откажа д своето учество во разни надзорни одбори со моменталниот интернет.

Ова се интересни времиња. Ќе бидам насочен кон развој на Solida и идниот начин на управување. Inrupt ќе исполни многу задачи, а прва ќе му биде да изгради екосостав за Solid. Со виствински вредности и темелна инфраструктура ќе изградиме систем кој ќе биде добар за секого, завршува Бернерс-Ли.