Подгответе миризлив десерт за вашето семејство.

Состојки
4 јаболка со средна големина
500 мл вода
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
4 лажици сок од лимон
цимет
80 г суво грозје
10 гр свеж ѓумбир
За декорирање:
50 гр грубо исецкани лешници
1 шлаг
Подготовка
Во зовриена вода додадете шеќер, ванилин шеќер, сок од лимон, цимет, ѓумбир исечен на ливчиња. Заедно варете ги состојките на тивок оган околу 10 минути.Излупете ги јаболката и исчистите ја средина, а потоа ставете ги во водата со шеќерот да се варат. Во текот на варењето јаболката свртете ги и гответе на секоја страна по 5 минути. Додадете го измиеното суво грозје при крајот на варењето.
Сервирање
Ставете ги јаболката во соодветни здели или на чинија, истурете ја течноста со суво грозје во која се вареа и посипете ги со грубо исецкани лешници. Послужете ги со шлаг што сте го подготвиле според инструкциите на пакувањето.
Совет
Варените јаболка на овој начин можат да се послужат топли или ладни.