Официјалната премиера на LG V40 ThinQ е на 3-ти октомври, но како и обично, можеме да сметаме на Еван Блас да открие однапред детали за телефонот.

Компанијата веќе ни покажа како ќе изгледа уредот и потврди за присуството на тројна главна камера, но Блас обезбедува детали за функциите на сите 5 камери во телефонот.
На задниот панел се поставени три сензори со стандардна широкоаголна, ултра широкоаголна и телефото оптика, така што корисниците ќе добијат неколку можности да ја запечатат сцената пред нив.
На предниот панел има две камери за селфи кои се опремени со стандардна и широкоаголна оптика – втората е корисно при снимање на поголеми групи луѓе или пак ако сакате да доловите повеќе од импресивниот пејзаж зад вас.
https://twitter.com/evleaks/status/1046587142888214529