Стојчев се враќа на функцијата градоначалник на Ново Село до крајот на годината

од desk2
95 прегледи
Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој беше фатен како шверцува цигари преку македонско – бугарската граница, ќе се врати на градоначалничката функцијата.

Стојчев треба да отслужи од казната уште 3 месеци, која Апелацискиот суд во Штип му ја намали од првостепената од 18 на шест месеци.

Со тоа Стојчев на Стојчев му се овозможува да го исполни условот што е предвиден со член 54 од Законот за локална самоуправа, каде се вели дека мандатот му престанува ако е осуден на казна затвор над 6 месеци.

Стојчев до крајот на оваа година ќе биде ослободен и ќе продолжи да ја води општината.