Google објави ажурирани податоци за дистрибуцијата на различни верзии на Android помеѓу уредите, со пристап до Play Store до 28 септември. Јасно е дека сегашната верзија на оперативниот систем сè уште не може да го достигне прагот од 0,1% за да биде вклучен во статистиката.

Тоа е логично, бидејќи до денес Android 9 Pie е достапен само за уредите од серијата Pixel и за модели на OnePlus, Essential, HMD Global (Nokia), Sony, Xiaomi, Vivo и Oppo кои добија пристап до тест програмата. Nokia 7 Plus веќе го добива финалното издание на платформата, а малку порано, и OnePlus 6.
Сосема разумно двете изданија на Android 8 Oreo продолжуваат да добиваат на брзина и веќе имаат удел од 19,2%, што е раст од 4,6% во однос на претходната статистика. Најпопуларната верзија на Android продолжува да е Nougat со удел од 29.3%, но кај неа почнува да се забележува постепен пад на ширењето.
Кај останатите изданија нема особени промени, а интересно е дека „античките“ верзии од 2,33 до 4,4, продолжуваат да забележуваат солидно присуство со над 11%.
