Жените во Обединетите Арапски Емирати според законот мораат да ги дојат своите деца до возраст од две години.
Станува збор за нов закон, донесен согласно законот за правата на децата, а доколку жените одбиваат да дојат, односно ако го прекршат законот, сопругот може да ги тужи. 
Лекарите во светот препорачуваат доење во првите месеци од животот, а во Европа има препорака бебињата да се дојат најмалку шест месеци.
Истражувањата покажуват дека шест месеци доење не е доволно и оти е поволно тоа да се продолжи, а Американската академија за педијатрија и официјално препорача барем шестмесечно доење, а ако е можно и подолг период на хранење со мајчино млеко, секако по шест месеци заедно со друга храна.
Едно дванаесетгодишно истражување, во девет европски земји дојде до заклучок дека жените, кои дојат најмалку шест месеци поретко заболуваат од рак и срцеви болести во однос на мајките, кои покусо дојат или воопшто не дојат.