Непознат маж се обидел да провали синоќа во домот на турскиот опозиционер Фетула Ѓулен во американската сојузна држава Пенсилванија, потврди организацијата која се грижи за неговите активности во САД и наведе дека е можно зад тоа да стои турската влада.
Според соопштението на невладиното здружение “Alliance for Shared Values” (ASV), “непознат маж, најверојатно вооружен, се обидел да влезе во комплексот во Сајлосбург, каде веќе подолго живее Фетула Ѓулен”.
Чуварот пукал како знак на предупредување, а лицето побегнало. Во инцидентот нема повредени, а целиот комплекс го прегледува полицијата.
ASV истакнува дека инцидентот се случил откако неодамна портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави операции во странство против поддржувачите на Ѓулен, кој Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар.
Турската влада бара испорачување на Ѓулен од САД.