Финишираше проектот за енергетско-ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево

од desk4
92 прегледи

   Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70 отсто, а за 30 отсто е зголемен броојот на електрични светилки во јавното осветлување, покажаа резултатите од проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево”, кофинансиран од ЕУ преку Интерег ИПА програмата помеѓу Бугарија и Македонија.

Проектот во изминативе две години партнерски го работеа општините Делчево и Благоевград.

На завршната прес-конференција градоначалникот Горан Трајковски го изрази своето задоволство од успешно реализираниот проектен циклус и добиените резултати.

– Со успешната реализација на проектот покажавме дека како тим сме на добар пат да ја оствариме заедничката идеја, со цел да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион. Со сите заеднички активности спроведени во Општина Благоевград и во Општина Делчево во рамките на овој проектен циклус, го зацврстуваме партнерството и соработката меѓу двете соседни општини и покажавме дека почитувајќи ги правилата на сложениот процес на ЕУ, односно ИПА- програма за прекугранична соработка, реализиравме квалитетен двегодишен процес. И денеска, на завршниот настан од проектот, можеме да зборуваме за резултати и за одржливост и остварување на специфичната цел, а таа е заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси на прекуграничниот регион, истакна Трајковски.

Главната активност на проектот беше замената на 760 живини со лед-светилки со што се доби поефикасно осветлување, заштеда и намалување на СО 2 во воздухот. Светилките се инсталирани на фреквентните и централните улици во градот, како и во седум села во општината, додека во Општина Благоевград е инсталирано енергетски ефикасно осветлување во четири села и во градот Благоевград.

Зорница Кралева, заменик-градоначалник за европски проекти и програми од Општина Благоевград најави продолжување на соработката со општина Делчево.

-Ние се надеваме дека во следниот период ќе имаме повеќе средства и можности во рамките на програмата за Бугарија и Македонија и очекуваме да реализираме уште вакви рпоекти. Во моментов сме во исчекување на резултатите за уште еден заеднички проект кој се однесува на заштита од поплави на реките Брегалница во Делчево и Бистрица во Благоевград, истакна Кралева.

Проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” се реализираше со буџет од близу 380 илјади евра.