Во Чиле се наоѓа најголемиот и најдлабок базен во светот

од desk2
145 прегледи

Во чилеанското одморалиште Сан Алфонсо дел Мер се наоѓа најголемиот отворен базен на светот, чии пропорции и соддржини го прават уникатно место за забава. Неговото оддржување чини околу 2,5 милиони евра годишно.

Базенот е долг околу 1.000 метри, односно колку 20 олимписки базени, а покрива површина поголема од 20 хектари. 

Со 35 метри длабочина го држи и Гинисовиот рекорд за најдлабок базен во светот. Во него може да се едри, скија на вода, да се вози кајак, да се нурка, но и да се ужива во посебно изградената плажа, пишува „Дејли мејл“.

За базенот целосно да се наполни потребни се 520 милиони литри филтрирана морска вода, што ја прочистуваат и ја влечат посебни системи за филтрација.

Базенот е изграден во 2006 година, а самата изградба чинела повеќе од 1,3 милијарди евра.