Мрачната страна на цивилизацијата – пет злогласни светски чуда

од desk2
99 прегледи

Освен вообичаените туристички дестинации во светот постојат и многу мрачни места, кои се еднакво важни за човештвото, како и пирамидите во Египет, Гранд Кањонот, Таџ Махал, Кинескиот ѕид, Ајфеловата кула, римскиот Колосеум и многу други.

Смогот над Лос Анџелес

Некогаш престолнина на т.н. Сан Белт или Сончевиот појас во кој секојдневно бегаа луѓето од загадениот источен брег, денес е вистински потсетник за тоа какви последици остава неконтролираната индустријализација. Немојте да се залажувате со телевизиските приказни за сончевите булевари и песочните плаж – Лос Анџелес е најзагадениот град во САД, како од издувните гасови на автомобилите, така и од тие од индустриските објекти. 

Остатоците од Помпеја

Ова древно римско гратче со векови во тишина лежеше затрупано под илјадници тони вулкански пепел. И покрај тоа што историчарите знаеле некогаш каде се наоѓал овој град, првите ископувања почнале во 18. век, а биле интензивирани на почетокот на 20. век. Помпеја и соседниот Херкуланум не се само уште едни во серијата древни ископини, кои малку или ништо не ни говорат за некои минати времиња. Имено научниците останале шокирани која под пепелта пронашле совршено сочувани карбонизирани остатоци од луѓе, на кои јасно се гледа што правеле во последните мигови на својот живот.

Заторот во Гвантанамо

Како да се спои потребата за целосно нечовечко измачување на осомничените за тероризам со законот, кој на територијата на вашата земја строго забранува такво нешто? Едноставно отворете затвор на територија на друга држава, далеку од очите на новинарите, јавноста, правниот систем. Казните и испитувањата, кои кршат повеќе од десетици законски членови и неколку уставни, од waterboarding (симулирање на давење) до гласно пуштање на неподнослива музика се секодневние за затворениците во овој затвор. 

Чернобил

Нуклеарната катастрофа во Чернобил е страшна и мрачна поука за целото човештво. Во 1986 година експлодира реакторот-4 во нуклеарната централа три километри надвор од градот Припјата, што предизвика истекување на голема количина на радиоактивен материјал во воздухот и водата, околу електраната. Советските власти два дена молчеа за катастрофата, а откако е откриена се обидоа да ги намалат штетите од неа. Резултат? Стотици заболени од болести, кои ги предизвикува радијацијата, од кои повеќето деца.

Аушвиц

Доколку некогаш се најдете во јужна Полска ова е местото кое секако мора да го посетите. Ниту еден филм, без разлика дали е игран или документарен, не може толку добро да ви го прикаже сиот ужас кој може да биде предизвикан од човековата омраза, како што тоа може посетата на овој страшен споменик на најстрашниот цивилизациски срам во историјата на човештвото. Во Аушвиц животот го загубиле околу 1,2 милиони лица, од кои повеќе од еден милион Евреи.