Macron не разбира зошто пензионерите се жалат.

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот ги повика своите сонародници да престанат да се жалат, објави АФП. Макрон го направи овој коментар за време на посетата во село Коломбо ле Доз Еглиз во североисточниот дел на земјата, каде е погребан Шарл де Гол.
Локален пензионертаму му се пожалил на Макрон од мала пензија, на што тој одговори дека генерал де Гол го имал следново правило: “Слободен си да зборуваш сè, но не и да се жалиш”. “Мислам дека генералот е во право, а нашата земја ќе биде поинаква ако сите го почитуваат ова правило”, рече сегашниот француски шеф на државата. “Ние не сфаќаме колку сме среќни, а во оваа земја гледаме се повеќе и повеќе постари луѓе во добро здравје”, рече Макрон.
Националистот Марин Ле Пен, лидерот на Националната унија, неја пропушти поентата. “Оние што се жалат не го прават тоа за забава, туку затоа што се жртви на постојаниот пораст на даноците и сеприсутноста на неизвесноста”, напиша таа на Твитер. Експертите потсетуваат дека буџетот на Франција за 2019 година предвидува понатамошни намалувања на трошоците за пензии и социјални бенефиции.