Конор Мекгрегор беше во свој елемент на прес-конференцијата пред неговиот натпревар утре против Хабиб Нурмагомедов во УФЦ.

Всушност, Ирецот задоцни со половина час за прес-конференцијата, Хабиб го чекаше некое време, а потоа си замина од заедничката конфронтација пред новинарите, како што беше планирано.
Но, кога Мекгрегор се појави, тој беше поздравен од неговите возбудени навивачи. И тогаш тој повеќе зборуваше за неговиот бренд виски, упатуваше навреди и напади кон својот противник, отколку на претстојната битка.
За Нурмагомедов. Мекгрегор сподели само серија од непријатни квалификации од сортата на „стаорец, терорист и нацист“.
https://youtu.be/VlRXgO3rUIo