Според жените, мажот на 21. век треба да помага во домашните работи, да се грижи за децата, да е бестрашен и во исто време господин – комбинација на Џемји Оливер, Дејвид Бекам и Дејвид Атенборо.
Мажите, од друга страна, мислат дека статусот на вистински современ маж ќе го оправдаат ако навиваат за својот фудбалски тим, ако поседуваат автомобил и заработуваат повеќе пари од својата партнерка. 
Жените веруваат дека мажот на 21. век треба добро да готви, да знае да вклучи машина за перење алишта, бестрашно да тепа пајаци, да користи правосмукалка и секако да биде вистински господин.
Мажите се согласуваат дека модерниот господин треба да знае да готви, да пере алишта, да се грижи за децата, но фаќањето на пајаци не го сметаат за пресудно.
Според анкетите, 64 проценти од жените изјавиле дека мажот мора да биде храбар, 53 отсто дека мажот треба да биде господин, а 46 проценти оти треба да ја стават жената на прво место.