Некои намирници сами по себе се многу здрави и корисни за нашиот организам, но ако се комбинираат со некои други намирници – нивната корист се зголемува повеќекратно.
Епидемиологот Дејвид Р. Џејкобс од Универзитетот Минесота, тоа го нарекува „синергија на храната“, и како и многу други нутриционисти верува дека тоа би можело да се објасни зошто некои комбинации како риба со лук, се задржале во традиционалните кујни.
Следуваат некои од најмоќните комбинации кои ги познава современата наука, на кои нутриционистите работеле со години да ги откријат нивните корисни комбинации.
Домат и авокадо
Доматите се полни со антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак и кардиоваскуларни болести. А телото тие хранливи состојки подобро ќе ги впие со помош на здрави масти, кои ги има во авокадото.
Ако таа комбинација не ви се допаѓа толку, добра замена за авокадо е маслиновото масло, чија корист е добро позната во медитеранската исхрана.
Овесни снегулки и сок од портокал
Истражувањата покажале дека пиењето сок од портокал, богат со витамин Ц, во комбинација со овесни снегулки ги чисти артериите и го спречува срцевиот удар двократно поефикасно отколку кога тие две намирници се конзумираат одвоено.
Причина за тоа е што органските споеви во двете намирници, феноли, го стабилизираат т.н. лошиот холестерол кога се конзумираат заедно.
Брокула и домати
Оваа комбинација го спречува ракот на простатата, иако научниците досега со сигурност не одговориле на прашањето зошто. Со неодамнешните истражувања за ракот на Универзитетот Илиноис, докажано е дека таа комбинација го намалува ризикот од тумор на простатата кај експерименталните глувци. 
Боровинки и грозје
Доколку овошјето се јаде заедно носи повеќе здравствена корист отколку кога се јаде само еден вид овошје. Студиите покажале дека во тој случај антиоксидативниот ефект е во голема мера поголем.
Чоколадо и јаболки
Познато е дека јаболките (особено црвениот делишес) се полни со потиввоспалителниот флавоноид кверцетин, кој особено е застапен во кората. Кверцетинот се покажал одличен за намалување на алергиите на кожата, кај срцевите удари, Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата, за простатата и ракот на белите дробови.
Чоколадото, грозјето, црното вино и чајот, од друга страна, го содржат флавоноидот катехин, антиоксиданс кој го намалува ризикот од атеросклероза и рак. Заедно, катехинот и кверцетинот ја подобруваат кардиоваскуларната слика и обезбедуваат антикоагулантна (против згрутчување) активност.
Лимон и кељ
Витаминот Ц ја забрзбува апсорпцијата на железо од растително потекло, всушност го претвора железото од билките во облик сличен на оној кој можеме да го најдеме во рибата и во црвеното месо.
Затоа нутриционистите советуваат земање витамин Ц од аргумите, лиснатиот зеленчук со зелена боја, јагодите, доматите, пиперките и брокулите, а железо од празот, спанаќот, блитвата и збогатените житарки.
Кога правите вариво од кељ или подготвувате салата, не заборавајте да додадете и исцеден лимон. Со тоа се зајакнува имунитетот и силата на мускулите повеќе отколку да ги јадете овие намирници одвоено. 
Месо на скара со рузмарин
Печењето месо на директен оган создава канцерогени споеви, но тие можат да се ублажат со вистински зачини. Рузмаринот содржи антиоксиданси кои го спречуваат влијанието на штетните состојки кои се создаваат со печењето месо на многу високи температури.
Се смета дека рузмаринот во целост ги впива опасните слободни радикали од месото.
Лук и риба
Рибата поради своите хранливи состојки на менито треба да се најде барем три пати неделно, велат експертите. А кога ќе се искомбинира со лук, уште подобро ќе го чува срцето. 
Јајца и овошје
Основна синергија на храната е концепт на мешање протеини со храна која содржи корисни јаглехидрати, кои ни се потребни за енергија.
Тој спој помага на минимизирање на инсулинот и шеќерот во крвта и ни дава енергија. Високото ниво на инсулин поврзано е со инфекции, дијабетес, рак и други болести. Забавувајќи ја апсорпцијата на глукоза, телото подолго време ќе има чувство на ситост.
Затоа лошите јаглехидрати (белото брашно, преслатката храна) заменете го со здрави јаглехидрати (житарки, овошје, зеленчук), но не ги јадете сами, туку во комбинација со протеини.