Ливрариа Лело, книжарница во португалскиот град Порто, ќе ја засакаат и луѓето кои не читаат. Архитектурата и дизајнот на внатрешниот простор се како од бајките.
Книги во Ливрариа Лело во Порто се продаваат од 1906 година. Но освен одличниот избор на книги на португалски, француски и англиски тука е и имперсивно дизајнираниот простор, кои ги привлекува и оние кои воопшто не се заинтересирани за книгите.
Чудесните скали, насликаното стакло, изрезбаните полици и неоготичкиот преден дел се скапоцен камен на градот Порто.
Еден од сопствениците Антеро Брага е љубител на книжевноста и ќе ви помогнете да пронајдете книга, дури и доколку немате поим, што сакате да читате. 
Просторот го дизајнираше Ксавиер Естевес, кој бил иснпириран од париската Галерија Лафајете. Тој направил необично заоблени скали. Раскошно декорираниот простор е одличен пример за португалскиот еклектизам.
Една од најслатките тајни на градот Порто е кафулето со четири маси на вториот кат од Ливрариа Лело.