SwiftKey сега може да преведува повеќе од 60 јазици во реално време од Android смартфони

од Vlatko K
78 прегледи

SwiftKey е иновативна тастатура за Android смартфон која веќе е симната повеќе од 100 милиони пати од Google Play. Апликацијата ужива голема популарност поради удобниот интерфејс, брзината и можностите за персонализација. SwiftKey е во сопственост на Microsoft, кој пред две години ја купи софтверската тастатура и сега почна да ја дистрибуира новата верзија на Android. Главното подобрување е интеграцијата на Microsoft Translator, кој овозможува превод на повеќе од 60 јазици.

Според официјалните податоци, функцијата за превод автоматски ќе ја активира и преведе саканата содржина на екранот на паметни телефони во реално време. На овој начин нема да морате да користите друга мобилна апликација за таа намена, како и да го копирате и залепите текстот за да го преведете. SwiftKey автоматски ќе се активира кога ќе видите збор или реченица на јазик што не го разбирате и ќе ви стане разбирлив за само неколку секунди, пренесе „SlashGear“.

Тастатурата е дизајнирана да учи од навиките на корисниците и користи невронски мрежи за брзо да предвиди какви изрази сакате да ги внесете. Поддршката на Microsoft Translator е корисна иновација која понатаму ќе ги подобри можностите на SwiftKey. Компанијата веќе потврди дека наскоро ќе издаде верзија на тастатурата оптимизирана за Windows 10 интерфејсот, кој ќе понуди и дополнителна лента со алатки за корисниците.