Huawei веќе има закажано посебен настан каде што ќе ја видиме официјалната премиера на паметните телефони Matte 20 и Mate 20 Pro. Ова се очекува да се случи на 16 октомври, а на овој датум ќе видиме уште неколку интересни уреди од компанијата. Еден од најважните моменти за кинескиот бренд ќе биде наследникот на Huawei Watch 2. Моделот за кој се работи се развива со кодното име „Fortune“, но ќе биде крстен официјално со името Huawei Watch GT.

Новиот паметен часовник им овозможува на корисниците импресивен век на батеријата, објави „SlashGear“. Податоците откриваат дека Huawei Watch GT ќе трае до 14 дена во режим на мирување и околу една недела ако екранот е активиран. Вградената батерија има 420mAh, што е доволно за да се очекува 20 часа работа, при постојано вклучен GPS. Сите овие вредности ќе го претворат Huawei Watch GT во еден од најдобрите модели со Wear OS.
Во моментов, ниту еден друг паметен часовник со платформата не нуди таков долг век на траење на батеријата. Huawei Watch GT ќе биде опремен со 1,4-инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 454×454 пиксели. Телото е водоотпорно и уредот може да го следи квалитетот на спиењето и срцевиот ритам. Ова ќе биде еден од првите модели во индустријата, кој се напојува од Qualcomm Snapdragon 3100 процесорот, кој беше претставен пред само неколку недели и има клучна улога за долгиот живот на батеријата.