Кнедли со нутела

од desk2
859 прегледи

Благи кнедли… не застануваат во грло!

Состојки

500гр варен компир
190гр брашно
50гр путер
1 јајце
2 кесички ванилин шеќер
1 лажичка масло
Состојки за фил

200гр нутела
4 лажички масло
¼ лажичка сол
2 лажички какао
Подготовка

Со лажичка одвојте 10 топчиња нутела и ставете ги во замрзнувач за да се затегнат. На сварениот компир додадете му путер,соединете ја смесата , испасирајте, и оставете да се излади. Можете да го оставите преку ноќ во фрижидер. На ова додадете јајце, масло и брашно и замесете тесто.
Посипете малку брашно по рацете и одвојувајте го тесто, (околу 70 гр.) и истенчете го со дланкит . Додавајте по едно топче нутела во секое парче од тестото и формирајте кнедли.
Пропржете малку презла, додадете и шеќер и какао и соединете се во смеса. Кнедлите варете ги во длабок сад со вода и додадете масло и малку сол, околу 3-4 минути, односно додека не испливаат сами на површина, потоа варете ги уште една минута.
Исцедете ги кнедлите и ставете ги во презлата. Извалкајте ги рамномерно од сите страни. Оставете малку да се изладат и послужете.