Борба по борбата: ВИДЕО од инцидентот по Мекгрегор-Хабиб

од Vlatko K
96 прегледи

За жал најголемиот судир на UFC 229 меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор беше засенета од тепачката, која се случи по суштинскиот натпревар во октагонот.

Сè започна кога Хабиб го натера Ирецот да се предаде по неговиот зафат. Нурмагомедов имаше желба да продолжи да се бори со Мекгрегор, кој упати куп навреди кон него во деновите пред дуелот.

Кога тоа не му беше дозволено, дагестанецот скокна од кафезот и се фрли врз луѓето од тимот на противникот. Ова доведе до немили сцени на трибините, а потоа инцидентите се префрлија во самиот октагон. Тоа стана факт кога пријателите на Хабиб го нападнаа веќе исцрпениот Мекгрегор.

Поради сето што се случи дури немаше официјална церемонија по натпреварот откако Хабиб беше изведен од салата со огромен број чувари.

Погледнете ги снимките по завршувањето на мечот:

https://twitter.com/twitter/statuses/1048801342955839488