Пет непријатни работи кои стјуардесите ги гледаат во авионите

од desk2
101 прегледи

Една стјуардеса ги прашала нејзините колешки кои се најодвратните работи кои ги виделе за време на летовите. Некои од одговорите дури и нејзе ја шокирале.

Таа по разговор со нејзините колешки направила листа на пет најодвратни работи кои ги виделе во текот на својата работа. Некои до одговорите навистина се шокантни. 

5. Излигавено ќебе

Една патничка во прва класа ме повика. Ми даде ќебе и ме праша дали може да и дадам ново. Бев збунета бидејќи сите го започнаа летот со чисти ќебиња. Го видов ќебето и беше цело влажно и лигаво. Толку бев згрозена, што ми беше тешко, додека го ставав во пластична кеса.

4. Сушење на долна облека

Патник од прва класа ги извади влажните чорапи ги сушеше, со тоа што ги стави на климата, која дуваше над неговото седиште. Патниците до оние од последните редови, до крајот на патот се жалеа поради мирисот.

3. Загубени гаќички

Помагав во чистењето на авионот на една од станиците и пронајдов неколку крвави гаќички во џепот на седиштето. Тоа е причината зошто носиме ракавици. 

2. Пелени за возрасни

Некој оставил огромна пелена за возрасни на седиштето од тоалетот, која била целосно отворена и очигледно користена на поклопената тоалетна школка.

1. Нечисто марамче

Патник го искористил марамчето (од кутијата со марамчиња во тоалетот) за да се избрише по голема нужда. Потоа го вратил искористено марамчето назад во кутијата.