Германскиот сајт AllAboutSamsung успеал да стигнео целосните спецификации на Galaxy A9, кој ќе биде првиот паметен телефон на Корејците со четири главни камери на грбот. Телефонот ќе биде опремен со 6.28-инчен AMOLED екран со резолуција од FHD +. Тоа ќе биде уште еден модел на Samsung без физички копчиња на предниот панел, а контролата ќе се врши целосно преку софтверски копчиња. Над екранот има 8-мегапикселна камера со бленда f 1.7.

Главната камера на Galaxy A9 ќе има четири сензори. Првиот од нив има резолуција од 24 мегапиксели, оптичка стабилизација и f 1.7 бленда. Втората камера има резолуција од 5 мегапиксели и f 2.2. Тaа ќе служи за да се одреди длабочината на сцената и да се помогне на функцијата Live Focus. Третата камера има сензор од 8 мегапиксели и f 2.4 бленда. Има широкоаголен објектив од 120 степени.
Последниот сензор има резолуција од 10 мегапиксели и f 2.4 бленда. Ќе обезбеди двоен оптички зум.
Очекуваме камерата да понуди различни AI функции. Други карактеристики вклучуваат Snapdragon 660, 6 GB RAM, 128 GB меморија за апликации и 3720 mAh батерија.
Samsung ќе го претстави Galaxy A9 на 11 октомври, кога цените на уредот ќе станат јасни.