Проблеми со надградбата на Windows 10 ги принудија Microsoft да го прекинат објавувањето на октомврискиот апдејт (Windows 10 October 2018 Update), се вели во пораката на официјалната страница за поддршка на компанијата.

Ажурирањето е прекинато на неопределено време, и се бара од Microsoft да се справи со поединечни жалби од корисници кои ги изгубиле датотеките по ажурирањето на оперативниот систем. Додека од компанијата не го решат проблемот, ажурирањето Windows 10 October 2018 Update не може да се симне официјално.
Наскоро по ажурирањето, многу корисници почнаа да се жалат дека нивните лични датотеки биле избришани без предупредување. Microsoft сè уште не го објави рокот за повторно објавување на надградбата.
По втор пат, компанијата се соочува со сериозен проблем со главните надградби на Windows 10 кои се прават двапати годишно. На почетокот на годината, Microsoft мораше да ја одложи Windows 10 April 2018 надградбата за три недели.