Со вода за пиење ги ладат казаните за печење ракија, зголемена потрошувачката на вода во Кавадарци

од desk4
83 прегледи

   Со вода за пиење кавадарчани си ги ладат казаните за печење ракија, за 60 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода во Кавадарци.

Оваа информација за МИА ја потврди Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец”.

– Вообичаената потрошувачка на вода ни е 180 литри во секунда. Сега, кога во полн ек е печењето на ракија во нашиот крај, потрошувачката е 240 литри во секунда, појасни Атанасов.

Стручњаците велат дека при дестилација на ракијата, неопходно е ладење со вода, на дестилациските колони од кои излегува алкохол.