AMD официјално потврди дека планираат да го прошират своето портфолио на Threadripper 2. Процесорите ќе им понудат на корисниците уште две конфигурации од гамата, кои имаат 12 и 24-јадра. Нивната продажба ќе започне на 29-ти октомври. AMD објави предложена цена од 649 долари за 12-јадрениот процесорот и 1.299 долари за моделот со 24 јадра. Новите процесори ќе бидат базирани на 12-nm Zen + технологија која комбинира високи перформанси и ниска потрошувачка на енергија.

Претстојниот 12-јадрен процесор ќе се вика 2920X и ќе биде модифицирана верзија на 2950X, која има 16 јадра. Архитектурата ќе ја има истата работна фреквенција од 3.5GHz, 32МВ Level 3 cache и 180W потрошувачка на енергија, објави Engadget. Во исто време, другиот претставник на атрактивната низа процесори што ќе ги видиме на пазарот во рок од неколку недели е 24-јадрениот 2970WX. Карактеристиките вклучуваат основна фреквенција од 3GHz што може да се зголеми со Turbo Boost до 4.2GHz.
За разлика од моделот со 12 јадра во овој случај, потрошувачката на енергија е 250W, а овој процесор има кеш меморија од 64MB Level 3 cache. Компанијата ќе претстави Dynamic Local Mode софтвер, за да ги подобри перформансите преку пренасочување на поинтензивни задачи за извршување од јадрата со локална меморија. Дополнително, ќе дознаеме повеќе детали за резултатите од репер тестовите и колку брзи во реални услови се новите претставници на атрактивната AMD Threadripper 2 серија.