Просечна личност од 72 години најголем дел од животот го поминува во спиење

од desk2
147 прегледи

Според научното истражување спроведено во САД просечна личност од 72 години старост најголем дел од животот поминува во спиење и на работното место.

Просечен човек речиси третина од животот го преспива, поточно 21 година поминува во кревет, додека 14 години поминува на работното место, што значи дека речиси една четврина од својот живот го поминува извршувајќи професионални задачи.

Дури седум години просечна личност поминува во извршување хигиена и индивидуално чистење, што е за десет отсто од вкупниот животен век кој му стои на располагање.

Освен наведените активности, просечна личност за исхрана троши шест, чекање во ред пет, учење и студирање четири, одржување состаноци три, а на телефонски повици троши две години живот.

Според истражувањето на американските научници, просечна личност во текот на својот животен век една година поминува во барање изгубени предмети, додека преостанатите три години ги троши на останатите секојдневни активности, како што се излежување и гледање тв.

Научниците пресметале дека до 60-та година од животот, просечна личност пет години ги поминува во кујна, а 3,5 години во сообраќај. Една личност просечно поминува и по шест месеци во тоалет, перење алишта, пеглање, а исто толку и во шопинг.