Продолжувa топлото време, дневната темпратура до 28 степени

од desk2
97 прегледи

Сончево време со високи дневни температури ќе продолжи и во наредната недела. Метеоролозите најавуваат дневни температури до 28 степени, но утрата ќе бидат студени.

Од УХМР соопштуваат дека во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе се движат меѓу два и 10 степени, а дневните меѓу 19 и 28 степени.