Повеќе од 9,4 милиони луѓе имаат право да гласаат на денешните локални избори во германската провинција Баварија, кои можат да го разнишаат воспоставениот политички ред во јужната провинција и да влијаат на влада на канцеларката Ангела Меркел, информира ДПА.
Социолошки студии оваа недела покажуваат дека Христијанско-социјалната унија, која со децении има апсолутно мнозинство во Баварија, ќе добие само поддршка од 33 до 34% . Вторите се Зелените со околу 18%.
Христијанско социјалната унија е баварскиот партнер на демохристијаните на канцеларот Ангела Меркел. Баварската партија е предводена од федералниот министер за внатрешни работи Хорст Зеехофер.
Цврстата позиција на Зеехофер за имиграцијата беше блиску да доведе до распад на конзервативниот сојуз претходно оваа година, па изборите денес се смета како референдум за спорната улога на Зеехофер во националната политика.
Оваа недела Меркел одби да коментира дали изборите можат да ја дестабилизираат владата, истакнувајќи дека нејзиниот конзервативен блок доживува ” тешки времиња “, но таа се надева Христијанско социјалната унија да постигне добар резултат.
Падот на поддршката за Баварските конзервативци се случува во услови на зголемена поддршка за десничарската “Алтернатива за Германија” , која според испитувањата ќе освои меѓу 10 и 14% од гласовите.
Сепак, според експертите, процентот на гласови за екстремната десница е секогаш тешко да се предвиди , бидејќи анкетари од социолошките агенции можеби не ја кажуваат вистината.
Друга анкета оваа недела открива дека 53% од испитаниците сеуште не одлучиле за кого да гласаат . Според ГМС, процентот на оние кои не одлучиле е значително повисок отколку во претходните недели.
Пониска поддршка за конзервативците најверојатно ќе ја присили христијанско-социјалната унија да бара коалициски партнер за прв пат. Иако поголемиот дел од Баварците претпочитаат баварските конзервативци да соработуваат со Зелените, баварскиот премиер Маркус Зедер го отфрли таквото сценарио.
Избирачките места ќе останат отворени до 18 часот по локално време и првите резултати се очекуваат кратко време потоа.