Кога закажувате лекарски преглед најдобро е да го закажете за крајот на неделата и така да го избегнете понеделникот, ден кој сам по себе е стресен и депресивен, и кога сигурно не сакате да слушнете лоши вести, покажуваат резултатите од најновото британско истражување.
Прегледите кои се закажуваат за почетокот на работната недела често се пропуштени од оние закажани за крај на седмицата. Причините се во фактот дека пациентите помалку се способни да слушнат и да „обработат“ лоши вести на самиот почеток на неделата. 
Студијата која ја водеа истражувачи од Глазговскиот универзитет тврди дека прегледите често се откажуваат во понеделник поради нерасположението кое е често по викендот. Доктор Роб Џенкинс вели: – Понеделникот е најлош ден кога прегледите најчесто се пропуштаат или откажуваат. Во текот на неделата доаѓањата рапидно се зголемуваат. Само неколку од нив прегледот го откажуваат во петок.
Научниците сметаат дека на луѓето им е тешко да се „одвлечат“ на закажаниот преглед веднаш по завршувањето на викендот токму поради тагата и нерасположението кое го чувствуваат во понеделник.
– Неодамнешните психолошки студии покажале дека различни денови во неделата евоцираат различни емотивни одговори. Во понеделник одговорот е најлош, а во петок најпозитивен. Емотивниот тон се поправа во деновите помеѓу, објаснува Џенкинс.
Тимот од Универзитетот во Глазгов ги анализирал податоците на над 4,5 милиони закажани прегледи ширум Шкотска.