Ако ви е доста од вообичаен печен компир, тогаш направете деликатес со печурки.

СОСТОЈКИ:
– 6 компири
– 100 гр. печурки
– 2 чешни лук
– 1 лажиче сол
– малку бибер, вегета и магдонос
– 2-3 лажици масло
ПОДГОТОВКА:
Се сечат ситно печурките и се толчи лукот, па се додава во нив вегета, сол, магдонос и бибер.
Се става и лажица масло.
Се лупи компирот и се прават длабоки засеци но не до дното, а потоа се ставаат во огноотпорен сад со масло, и се става во резовите од мешавината, како и над компирот.
Се пече на 200 степени 30 минути со фолија, а без фолија уште 15 минути.
На здравје!