Истекува рокот за аплицирање за обука за развој на претприемништво кај младите

од desk2
67 прегледи
Сите заинтересирани млади лица од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија уште денеска имаат можност да аплицираат за учество на обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини, организирана од Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото.
Обуката, како што соопштуваат од Агенцијата, е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење сопствен бизнис.
Сите заинтересирани за учество во обуката, подетално може да се информираат од официјалната интернет страница на Агенцијата за млади и спорт, каде може да ја симнат пријавата и електронски да аплицираат за учество.
 
Денеска е последен ден за аплицирање за оваа обука што ја организира Агенцијата за млади и спорт.