15-годишно момче во Ирак било избодено до смрт од тинејџери кои што мислеле дека е хомосексуалец. Тие го снимале додека умирал упатувајќи навреди кон него.

Шокантниот напад на Хамуди Ал Мутаири се случил во близина на неговата куќа во Јармук, Багдад. Групата на напаѓачи го избоделе во стомакот и му ја извадиле утробата, а на видеото кое е што го објавиле на социјалните мрежи, може да се види како лежи на земјата и крвари.
„Кој ти е дечко?“, го прашува глас на видеото, а момчето кое што очигледно трпи огромна болка, прашува од каде доаѓа крвта и што е тоа што излегува од неговиот стомак, а лицето зад камерата вели: „Тоа се твоите црева“.
На крајот на снимката може да се слушне како момчето ги моли да го однесат во болница и вели: „Сакам да ме однесете кај мојата мајка“.
Убиството на Хамуди Ал Мутаири, момчето кое што во ирачките медиуми исто така го претставуваат и како Мухамед Ал-Мотери, следува после смртта на четирите прогресивни Ирачанки, популарни на социјалните мрежи и во индустријата за убавина, во последните неколку месеци.
https://www.youtube.com/watch?v=zBUNYy5Mrvo
На почетокот на август, директорките на двата најпознатри центри за естетска и пластична хирургија во Ирак, Рафиф Ал-Јасири и Раша Ал Хасан умреа под неразјаснети околности, а една седмица подоцна, активистката Соад Ал Али исто така беше ликвидирана. Само два дена подоцна во својот автомобил во Багдад беше убиена и 22-годишната манекенка Тара Фарес која што имала 2,7 милиони следбеници на Инстаграм.

Според прогресивните Ирачани, сите овие се жртви на конзервативните сфаќања на мнозинството Ирачани кои што го негуваат конзервативниот Ислам.