Конференција за трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост

од desk4
84 прегледи

  По повод одбележувањето 25 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), денеска во Музејот на современата уметност ќе се одржи конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“.

На конференцијата ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши, а како говорници се најавени директорот на ДЗИС, Сафет Емурали, заменик претседателот на Европскиот патентен завод Жељко Топиќ и претставникот на Светската организација за интелектуална сопственост Силвија Трпковска.