Студент од Индија бил уапсен за убиството на манекенка, по што го спакувал нејзиното безживотно тело во куфер и го оставил покрај патот.

Осомничениот, за кој медиумите тврдат дека има две имиња, Сајед Хасан и Музамил Сајед – бил ставен во притвор откако телото на Манаси Диксит било пронајдено во понеделникот во Малад, западно предградие на Мумбај.

Полицијата соопштила дека 20-годишната манекенка неодамна се преселила во градот со амбиции да стане модел и го запознала Сајед преку интернет.
Парот се наоѓал во станот на Сајед кога се скарале, по што тој ја удрил со остар предмет.

Заменик началникот на полицијата, Санграмасинг Нисандар, наведува дека веројатно Сајед е тој што телото го ставил во куфер и го оставил покрај патот во Малад.
Тој додал дека инспекторите работат на тоа да откријат што била причината за расправијата на парот.
Осомничениот на локалните медиуми им рекол дека тоа била нивна прва средба. Додал и дека една недела пред тоа допатувал во Мумбај.

Полицијата истражува дали е вистина дека Сајед ја запознал Диксит преку апликација.
Информацијата за телото во куферот била дојавена од страна на таксист, кој и кажал на полицијата дека станал сомничав кога му помогнал на Сајед да го внесе багажот во возилото, пренесуваат локалните медиуми.
Таксистот навел дека оптоварувањето на куферот било нееднакво, додека го ставал во багажникот. Исто така му било сомнително што патникот два пати ја менувал дестинацијата, пред одлуката да оди во Малад.

Откако излегол, таксистот видел дека го фрла куферот и веднаш се јавил во полиција.
Полицајците го пронашле осомничениот преку безбедносните камери.