Тачи: Македонија направи чекор напред кон јакнење на мирот во целиот регион

од desk2
85 прегледи

Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави вчерашното гласање во македонското Собрание за измена на Уставот и оцени дека „Македонија го одбра патот на европските интеграции и направи чекор напред кон јакнењето на мирот во целиот регион“. 

– Собранието на Македонија синоќа даде пример како се обединуваат сите партии за доброто на нивните граѓани и на државата. Државата јакне и се интегрира кога народните избраници носат исправни одлуки и се надминуваат политичките изнтереси заради држaвните интереси. Република Косово се радува на оваа мошне значајна одлука на нашата соседна држава, напиша денеска Тачи на Фејсбук.

Според косовскиот претседател, „мирот и стабилноста во регионот ќе ги зацврстиме единствено со покажување готовност во евроатлантската ориентација и со вложување многу труд за интегрирање во европското семјество“.