Јапонскиот научник Јошихико Кога, професор на токискиот Универзитет „Кјорин“, тврди дека ќе станете поинтелигентни, ако секое утро јадете по три лажици сладолед. 
Своето тврдење тој го поткрепува со истражување и со конкретни резултати.
Во рамки на помала студија, испитаниците секое утро морале да изедат по три лажици сладолед, а потоа со помош на компјутер имале задача да изработат низа ментални вежби.
Професорот Кога тврди дека лица кои јаделе сладолед имале многу побрза реакција и подобро ги процесуирале информациите од групата која не земала од овој десерт.