Настапите на Владимир Путин на меѓународниот форум „Валдаи“ секогаш даваат богата почва за дискусии. Така беше и оваа година. Одговарајќи на прашањата на водителот, Путин ги изложи своите погледи за национализмот, националното прашање и својата лична популарност.

Заборавениот „руски свет“
Се започна со тоа што водителот на дискусијата, Фјодор Лукијанов го потсети претседателот на 2014-та година и озлогласениот „руски свет“, прашувајќи дали Путин сака да се осврне на оваа тема. Прашањето не беше воопшто случајно. Во 2018 година спомените за овој концепт, кој беше едвај не столб на целата државна идеологија на путиновата Русија, исчезнаа целосно од речникот на официјалната пропаганда. Одговорот на Путин само го потврди очигледното – темата за рускиот етнички национализам веќе не го интересира, дури го иритира.
„Нашиот национален идентитет … тоа е нашата култура, нашата историја … На територијата на Руската Федерација живеат 160 етноси“, изјави Владимир Путин.
Појаснувајќи ги зборовите, тој изложи прилично збунета теорија за „правилен“ и за „погрешен“ национализам.
„Русија е мултинационална држава“, рече тој, „и ако ние сакаме таа да се задржи таква, да се развива и да зајакнува, а народот кој ја основал државата народ несомнено е рускиот, тогаш сочувувањето на оваа земја е во негов интерес“, вели тој.
Како што гледаме, веќе воопшто не станува збор за некаков „руски свет“. Сите народи во Русија се еднакви. Иако Русите се малку „поеднакви“. Тоа сепак не треба да се истакнува во преден план, бидејќи Русите се мултинационален народ и во тоа е и нивниот идентитет.
Иако направи реторички подарок кон Русите, Владимир Путин фактички го одбива на најголемиот руски етнос правото на некој друг идентитет, различен од преданоста кон Мултинационалната руска држава во нејзината состојба од 2018 година. Да бидеш Русин значи според Путин да бидеш лојален на „оваа земја“, односно практично лично кон него. Секое друго гледиште за ова прашање е осудено како „пештерски национализам“.
На овој начин, стапицата во која тој наведе голем дел од руските националисти во 2014 година, се активираше. Тогаш тој нејасно им вети некаков „руски свет“. А сега ги принудува да се заколнат во лојалност кон него и во сè што тие ревносно мразеа – лојалност кон мултинационалноста и толеранцијата според неговото лично разбирање за овие концепти. Владимир Путин веќе не нуди никаков друг „руски свет“. Впрочем, едвај некој има нешто против. Нели истите овие руски националисти го доверија СССР на пензионираниот полковник на КГБ.
Приказната за 146-те милиони
Беспредметно е да го фаќаш Путин во некакви идеолошки контроверзии, бидејќи единственото нешто што го возбудува вистински, е зачувувањето на режимот.
„Највистинскиот, најправилниот и најефикасниот националист сум јас“, изјави Путин во резиме на своите размислувања. Односно вистинскиот национализам значи да бидеш за Путин, без разлика дали си Русин или татарин. А сето останато е „заостанато“, „глупаво“, „измислено“ и води до распад на државата. Овој збунет концепт за „правилниот национализам“, предложен од Путин, звучеше толку неочекувано, дека водителот на дискусијата праша дали Путин има истомисленици. И во овој момент светот чу потресно во својата самоувереност одговор: „Да! Речиси 146 милиони!“
Изгледа дека во оваа теза се крие и практичната смисла на сите идеолошки конструкции на претседателот на Русија. Во моментот, кога сите набљудувачи забележуваат пад на рејтингот на Путин, тој има итна потреба од некаква нова концепција за легитимитет, која не смее да се става под прашање преку избори и анкети. Според уставот, претседателот со сите свои огромни овластувања е само функција, а не некоја конкретна личност. Додека лидер на 146 милиони истомисленици, тоа веќе е одредена личност, односно Владимир Путин.
Затоа рејтингот на Путин може да падне, а неговите поддржувачи ги губат изборите. Но, лидерот на кохезивната нација, кој не се плаши од никој и ништо, а приори не може да зависи од изборните постапки и социолошките истражувања. Кои се тие избори и рејтинзи, кога станува збор за избор или „едноставно да умреш“ или „да одиш во рајот“?
Најлошото што сега можеме да го сториме е да му веруваме на Путин и да го признаеме присуството на 146 милиони поддржувачи, кои од никого не се потврдени. За жал, промовираната своевремено информација од официјалната пропаганда за „86-процентна поддршка“ се шири низ целиот свет и до ден-денешен се гледа од многумина со неверојатна сериозност. Во меѓувреме измислените од Путин 146 милиони истомисленици се римуват добро со анегдотски 146 проценти гласачи кои наводно гласале за „Единствена Русија“.
Вистината е дека нема ниту „руски свет“, ниту путиновски национализам ниту 146 милиони истомисленици на претседателот на Русија, подготвени да се упатат кон рајот. Постои само морално исцрпување на Владимир Путин, неговиот пад во рејтингот, како и неговиот обид да го сокрие сето ова со итрината на конфликтни слогани, националистичка демагогија и демонстративна самодоверба.
Фјодор Крашениников, ДВ