Пајташите на Мицкоски изменаџираа гласање недоверба за лидерот во партијата

од desk4
105 прегледи

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната седница на Централниот комитет (ЦК) предложил а се организира и вонреден конгрес за да се гласа доверба во него како претседател на партијата, меѓутоа неговите сопартијци одбиле, изјави вечерва потпретседателот на партијата, Александар Николовски.

– На иницијатива на Христијан Мицкоски, Централниот комитет разгледа предлог, кој тој лично го даде, за одржување на вонреден конгрес со цел разгледување на потребата за гласање на доверба на претседателот на партијата. Централниот комитет по дискусијата, на која не присуствуваше тој, едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека нема потреба од вонреден конгрес и оти претседателот ја има целосната поддршка. Од денес ништo нема да е исто – изјави Николовски.

Фракционерте во партијата  ова го дефинираат како менаџмент на евидентниот раскол на ВМРО ДПМНЕ.