Ако некој го следел во континуитет мојот говорот во парламентот ќе сфател дека јас во оваа фаза ќе дадам поддршка, рече Канческа-Милевска.
– Со никој претходно не сум се договарала. Можев да се доведам во собраниската сала јас да бидам единствена која би гласала „за“. Можеше да се случи и тоа. Јас сум размислувала за тоа и пред мене сум чиста. Ги отфрлам тврдењата дека постоел поткуп, дека имало некакво договарање – рече Канческа-Милевска отфрлајќи ги и наводите дека нејзиниот глас е и поради обвинението против неа во случајот „Тендери“ на СЈО.
– Многу од колеги размислуваат како што размислувам јас. Тој став не го изградив од вечерта за вечерта. Го изградив врз сеопфатна анализа, вклучувајќи ги грешките на партијата, на власта, на нас како функционери и претходни и сегашни.
