Во ОН почна кампања за Меѓународна конвенција за безбедност на новинарите

од desk4
79 прегледи

Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“.

– На првата седница учествуваа 15-на држави меѓу кои Русија, Пакистан, Перу, Италија и Тунис, нагласи шефот на ИФЈ Ентони Беланжер.

ИФЈ застапува 600.000 новинари од 134 држави.

Главен повод за кампањата која одамна е планирана е случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги  кој на 2 октомври беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул.

– Идната конвенција треба да обедини постоечки, но и расфрлани меѓународни документи и да ги дополни, изјави Беланжер.