ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите инволвирани во случајот „27 април“

од desk2
84 прегледи

Од ВМРО–ДПМНЕ велат дека ќе поднесат Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април што го најавиле пред неколку месеци.

-Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција, изјави портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Како што рече, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и очекува власта, доколку е за вистинско помирување и правда за сите, ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии.