Америка може да влезе во војна со Кина

од desk2
92 прегледи

Поранешниот командант на американските сили во Европа, генерал-полковникот Бен Хоџес предупреди дека САД за 15 години може да влезат во војна со Кина.

Хоџес смета дека европските сојузници мора да работат на зајакнување на сопствената одбрана поради Русија, затоа што САД ќе бидат фокусирани на одбрана на своите интереси на Пацификот, јави АП.

 

„На Америка и  е потребен многу силен европски столб. Мислам дека за 15 години, а тоа не е неизбежно, постои голема веројатност дека ќе влеземе во војна со Кина“, рече Хоџес на безбедносниот форум во Варшава.

 

Тој додаде дека САД немаат доволно капацитет да направат се што мора во Европа и на Пацификот за да се изборат со кинеските закани.

Слични содржини