Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува со нетрпеливоста на САД кон Русија на состанокот со американскиот советник за Национална безбедност Џон Болтон.

„Ако добро се сеќавам, американскиот грб прикажува белоглав орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, кое е симбол на мирољубивата политика“, рече Путин на состанокот со Болтон во четвртокот во Моска.
https://www.youtube.com/watch?v=0pfheFqp6fY
Рускиот претседател потоа рече дека има прашање.
„Дали вашиот орел ги изеди сите маслинки и сега му останаа само стрелите?“, рече Путин смеејќи се.
На шегата се насмеаја сите во салата, па и Болтон.