Facebook официјално ја лансираше новата верзија на Messenger. Компанијата има подготвено голем број на промени во дизајнот и функционалноста на софтверот. Според последно истражување, 71% од луѓето одредуваат чистиот интерфејс како врвен приоритет во апликациите за комуникација, а 62% се чувствуваат поблиски до своите пријатели кога си комуницираат со нив. Новата верзија на Facebook Messenger е создадена да одговори на нивните очекувања и да им овозможи уште побрзо и полесно да разговараат и да се забавуваат со своите најблиски.

За во иднина, Facebook Messenger ќе има три секции за навигација наместо сегашните девет. Ова ќе бидат секциите Chats, Discover и People. Во горниор дел ќе има копче за активирање на камерата на паметните телефони, за да може полесно да се креираат и споделуваат фотографии. Секцијата People ќе ви овозможи да пронајдете пријатели, да ги следите нештата што ги објавуваат и да видите кои се активни во мобилната апликација. Третата секција Discover е дизајнирана за да се поврзете со бизнисот, да се забавувате со вшите омилени игри, да пронаоѓаме вести и многу повеќе.
Водечкиот акцент во ажурирањето е способноста да се персонализираат разговорите. Функцијата Color Gradients ви овозможува да користите различни бои во прозорците за разговор. На пример, ќе видите како пораките се менуваат од црвено до сино додека се движат низ разговорот. Веќе се работи интензивно на интеграцијата на ноќниот режим, кој ќе биде презентиран во подоцнежна фаза. Сегашното ажурирање е поделено во фази и може да го користат сите корисници кои работат со Facebook Messenger во рок од неколку недели.