Претседателот на Русија, Владимир Путин, со хумор реагирал на непријатната ситуација која се случила во текот на состанокот со гувернерката на Ханти-Мансискиот округ – Југра, Наталија Комарова.

Гувернерката по грешка седнала на местото кое било одредено за претседателот, но Путин не сакал да ја праша Комарова за замена на местата, туку едноставно ги свртел хартиите и пенкалото на својата страна.
“И ова е добро место”, се пошегувал рускиот претседател.
Претходно денеска, рускиот лидер долетал во Ханти-Мансијск на седницата на Советот за меѓународни односи. Како што претходно соопшти прес-службата на Кремљ, на седницата било планирано да се разговара за “актуелните прашања на државната национална политика на Русија, проблемите со просторниот и демографскиот развој на земјата, како и за дополнителните мерки за зачувување и заштита на мајчиниот јазик”.
https://www.youtube.com/watch?v=jZq9PzUbzM8