Еден необичен коктел кој може да ве загрее и да ве расположи во променливите есенски денови.

Состојки:
1 лажица рум
40 мл чоколаден ликер
50 мл млеко
1 лажица путер од кикиритки
5-6 коцки мраз
уште крупно мелени кикиритки и густ чоколаден прелив
Подготовка:
Сите состојки освен мразот се ставаат во блендер и се мешаат. Потоа се додава мразот искршен на поситни парчиња и убаво се меша.
Помала чаша се мака на врвот во чоколаден прелив, па во крупно мелени кикиритки и се полни со коктелот.
Во зависност од блажината на ликерот и вкусот на конзументот, можи да се додаде и 1 лажица агаве сируп.