Орканско југо се очекува да удри со 145 км/ч на делови од Хрватска, а се очекува Јадранското море да крене бранови од 4 до 6 метри.

Сето ова треба да биде проследено со обилни дождови кои ќе предизвикаат поплави.
Заради најавениот ветар и дождот Државниот хидрометеоролошкиот завод прогласи црвен метеоаларм. Од Исстра до Дубровник ветрот југо направи проблеми и на копно и на море. Во понеделник ќе биде уште понестабилно.
Се очекува особено на крајбрежјето силните дождови да поплават повеќе пристаништа, а да има и прекин на сообраќајот, по море и по копно.