Меморандум за проектот „Јакнење на отпорноста од насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“

од Vlatko K
114 прегледи

Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан  Меморандум за разбирање за проектот „Јакнење на отпорноста од насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“. Потпишувањето на Меморандумот го организира Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

На настанот, како што соопшти владината прес-служба, покрај националниот координатор на Комитетот и градоначалници, ќе се обратат и министерот за локална самоуправа Фазлиу, како и амбасадорите на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и на Кралството Холандија Вилер Ваутер Пломп.