Српската Влада ќе додели сеопфатен пакет помош за Србите на Косово

од Vladimir Zorba
169 прегледи

На денешната седница на српската Влада со претставници на Србите од Косово, на која ќе присуствува српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе биде доделен сеопфатен економски пакет помош за српските заедници, објавија белградските медиуми.

„Политика” објави дека ова е инвестиција од повеќе од 70 милиони евра, што ќе се потроши за реновирање на Клиничкиот центар, патишта, болници, училишта и други институции во Косово.

Од националниот Буџет ќе бидат потрошени 10 милиони евра за реновирање на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица, додека во Лепосавиќ ќе бидат доделени 13 милиони евра за изградба на фабрика за пелети и уште 1,2 милиони евра за Меѓународната земјоделска школа, која ќе биде изградена во Лешак. Најголем дел од парите, вкупно 25 милиони евра, ќе бидат потрошени за изградба на населбата Сончева долина во близина на Звечан