Премиерот Заев: Нема потреба од ширење на Пандорината кутија со барањата на Беса и Алијансата

од Vlatko K
112 прегледи

Нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија и никој нема право да го условува влезот на Македонија во НАТО и Европската унија – вели премиерот Заев за пакетот уставни амандмани доставени од БЕСА на Касами преку кои бараат повеќе права за етничките албанци, но и амандман за прецизирање на Охридскиот рамковен договор во преамбулата на Уставот.

Најави за измени во преамбулата пристигнаа и од Алијанса за Албанците, но премиерот смета дека со премногу амбиции не треба да се кочи процесот на уставни измени во рамки на Преспанскиот договор.

„Секогаш стојам на располагање да го градиме она едно општество за кое сите се залагаме, да се обидеме на поинаков начин кога се носат крупните одлуки зад кои сите стоиме, се наши програмски определби. Нема да дозволиме со било какви желби, потреби и креативности кои некогаш произлегуваат од потребите на граѓаните, нема да дозволиме да бидат загрозени.“ – вели премиерот Зоран Заев.

Овие прашања долго време се одложуваат, премиерот нека каже кога да се отвори пандорината кутија – реагираат од БЕСА на Касами.

„Премиерот ако така мисли дека, нека каже кога тој смета дека треба да се отвори. Доволно период е поминат во демократска Македонија и дека овие прашања треба да се решат и постојано се одложуваат.“ – рече Фадил Зендели од БЕСА.

За ДУИ пак предлозите на малите партии се политичка пропаганда, за протнување на големи теми низ мала врата. Оттаму велат дека причина за тоа е неукоста и непознавање на процедурата според која не може да се интервенира во други членови освен во тие за кои се предвидени измени.

Според најавите нацрт амандманите ќе бидат дефинирани до петок. Вчера Заев се сретна со осумте пратеници од опозицијата кои дадоа поддршка за отворање на уставот, а по средбата премиерот потврди дека ќе бидат вградени и нивните барања кои ги испорачаа на денот на гласањето за отпочнување на уставните измени.

Заев рече дека не очекува блокада од опозицијата и верува дека согласно роковите од собранискиот деловник целата процедура ќе заврши во втората половина на јануари, а паралелно со измените во уставот вели е во постојан контакт со грчки/Tv24