Рендери покажуваат како може да изгледа Samsung Galaxy S10

од Vlatko K
115 прегледи

Дизајнерот Бен Гескин објави своите рендери на Samsung Galaxy S10. Сликите на идниот предводник на Корејците, кој ќе го видиме на почетокот на следната година, се базирани на познатите до моментов информации за уредот и покажуваат како најверојатно ќе изгледа очекуваниот јубилеен модел од S-серијата.

Во рендерите гледаме телефон кој е речиси безрамка, а споредбата со актуелните модели Galaxy S9 и iPhone XS Max покажува како Samsung би можел да се истакнеод директната конкуренција и да покаже иновативност во дизајнот.Според Бен Гескин, Корејците ќе користат вградена камера, отстранувајќи ја потребата за „сечење“ на екранот, што иритира многу потрошувачи. Секако, треба да имаме на ум дека овие рендери не се официјално објавени од Samsung и крајниот изглед на Galaxy S10 може да се разликува значително
од прикажаното.Сепак според нас тие даваат доста добра насока за идеите на дизајнерите на корејскиот гигант и не
е исклучено да се блиску до она што ќе го видиме како производ по неколку месеци.